Јамајканскиот атлетичар Кемој Кемпбел бил прогласен за мртов неколку минути, по што лекарите повторно успеале да го вратат во живот. 28-годишниот песмејкер на трката на 3000 метри  за време на Милроуз Игрите во февруари во Њујорк паднал како покосен на патеката, по што вели не се сеќава на ништо.

„Не се сеќавам на тоа што се случило. Лекарите рекоа дека моето срце престанало да работи и јас во основа починав. Тоа беше еден страшен момент”, вели атлетичарот.


Кемпбел поминал 17 дена во болница и имал процедура за вградување на внатрешен дефибрилатор. Тој додаде дека и покрај “бројните тестови”, лекарите не биле во можност да ја откријат причината за срцевата слабост.

“Кога се разбудив тоа беше утрото во понеделникот [два дена по трката] и бев во болница. Не знаев каде сум стигнал таму. Умот ми вели дека треба да с евратам на патеките, но лекарите велат дека тоа сега не би требало да се случи. Ќе треба да помине време и да аправам нови тестови“, дополнил Кемпбел.