Македонскиот првак Вардар во најсилен состав ќе влезе во осминафиналниот двомеч со ППД Загреб во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ кои се во финална фаза од подготовките за дуелите со „плинарите“ (23 и 30 март), тренираат комплетни, односно Роберто Парондо може да смета на услугите на Сергеј Горбок, Вуко Борозан и Кристијан Дисингер.

Здравствениот билтен е одличен и засега се изгледа добро, па се чини дека вардарци со полна сила одат во офанзива на Загреб.

Изгледот на Вардар за првиот меч закажан в сабота (20:30 часот) во Арена Загреб, ќе биде познат утре пред заминувањето на тимот за хрватската престолнина.