Веќе на стартот на квалификациите за Европското првенство 2020. се соочуваат главните кандидати за пласман на завршниот турнир од групата Г во која се уште Словенија, Македонија, Израел и Летонија.

Двете селекции настапуваа и на претходниот континентален шампионат во Франција и оставија потполно различен впечаток. Полјаците стигнаа до четвртфиналето во кое по 1:1 во 120 минути игра беа поразени на пенали од подоцнежниот победник Португалија, додека Австријците го зазедоа последното место во Ф групата во конкуренција на Унгарија, Исланд и споменатите Португалци. Во меѓувреме Полјаците играа и на Мундијалот во Русија и потполно потфрлија, а тоа беше знак за промена на селекторот Адам Навалка. Него го наследи Јиржи Брженчек од кого се очекуваше подмладување на националниот тим, но и тој одлучи да се потпре на проверени сили и тоа не му донесе резултати: на шест натпревари оствари по три ремија и порази, што е најдолга серија на „орлите“ без победа од 2010. Но, ни тоа не го натера на промени, па носителите на играта и понатаму се момци кои изнесоа на плеќи неколку претходни циклуси, но евидентно дека се „потрошени“.

ЕУРО 2020 – Квалификации (група Г, 1.коло)

АВСТРИЈА – ПОЛСКА

Четврток, 20.45
Шифра: 8511

Наши предлози
КТ           1              2,30
ТГГ          ГГ            1,90
* Квотите подлeжат на промени

МЕЃУСЕБЕН СКОР
8              3              1              4              17:18

Ни селекторот на Австрија Франко Фода не експериментираше, со тоа што не ни мораше бидејќи Австријците имаа солидни резултати во Лигата на нациите, иако не успеаа да поминат во А групата. Една од причините беа повредите на стоперот Себастијан Предл, играчите за врска Марсел Сабицер и Флоријан Грилиш, односно напаѓачот Гвидо Бургшталер кој ги пропуштија клучните натпревари. Сега сите се тука и би требало да и помогнат на Австрија да дојде до првите три бода, со традиционалното ГГ.