Горан Пандев вечерва по јубилеен 100. пат ќе го облече дресот на Македонија. Дебито му беше во дуелот со Турција 3:3 на „Ататурк стадионот“ на 6 јуни 2001 година во рамките на квалификациите за СП 2002. Од тогаш Гранде Пандев редовно е во националниот тим, а првиот гол му беше во победата над Малта со 5:0 во Скопје на 21 август 2002 година.
Досега Пандев реализирал 33 гола во 99 натпревари. Најмногу голови и дал на Ерменија (4), по два на Холандија, Шпанија, Катар, Канада, Андора, Азербејџан и Белорусија, по еден на Норвешка, Црна Гора, Данска, Израел, Албанија, Босна и Херцеговина, Чешка…

МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА

Македонија – Холандија

Македонија – Данска

Македонија – Литванија

Македонија – Норвешка