Пред нас се нови, седми по ред квалификации за едно ЕП. Почнуваме вечерва со Летонија, во групата се уште и Полска, Австрија, Израел и Словенија. Пред стартот на овие квалификации убаво е да се потсетиме каков пласман имала нашата најдобра репрезентација од 1994 па до последните квалификации за ЕП 2016.

Во првите европски квалификации за ЕП 1996, Македонија освои седум бодови. Ги отвори одлично, со „реми“ над тогашниот европски првак Данска. Но потоа следуваа серија на лоши резултати и на крајот четврто место со само седум бодови.

Следуваа квалификациите за ЕП во Холандија и во Белгија. Таму Македонија освои осум бодови (шест со Малта, и по еден со Хрватска и со Ирска на домашен терен). Премалку да се дојде до пласман со најдобрите.

За ЕП во Португалија освоивме шест бодови во квалификациите. Една победа над Лихтенштајн, едно реми со истиот противник и два пати нерешено против Англија и против Турција, недоволно да се стигнат големите Англија и Турција кои завршија на првите две места.

На следниот квалификациски циклус за ЕПО, освоивме најмногу бодови од сите квалификации. Меѓутоа тоа беше недоволно за пласман во следната фаза. Македонија освои 14 бодови, и тоа со четири победи (две над Андора, една над Хрватска и една над Естонија), и две „ремија“ со Естонија и со Англија.

За ЕП 2012, Македонија имаше осум поени и заврши на 5. место. Бодовите беа освоени со две победи над Андора, едно „реми“ со Ерменија и со Словачка на домашен терен.

Следуваше квалификацискиот циклус за ЕП 2016 година во Франција, во кој Македонија освои само четири бодови (победа над Луксембург и „реми“ со Белорусија).

ЕП 1996 (АНГЛИЈА)

  1. Шпанија 26
  2. Данска 21
  3. Белгија 15
  4. Македонија 7
  5. Кипар 7
  6. Ерменија 5

ЕП 2000 (ХОЛАНДИЈА И БЕЛГИЈА)

  1. Југославија 17
  2. Р. Ирска 16
  3. Хрватска 15
  4. Македонија 8
  5. Малта 0

ЕП 2004 (ПОРТУГАЛИЈА)

  1. Англија 20
  2. Турција 19
  3. Словачка 10
  4. Македонија 6
  5. Лихтенштајн 1

ЕП 2008 (АВСТРИЈА И ШВАЈЦАРИЈА)

  1. Хрватска 29
  2. Русија 24
  3. Англија 23
  4. Израел 23
  5. Македонија 14
  6. Естонија 7
  7. Андора 0

ЕП 2012 (ПОЛСКА И УКРАИНА)

  1. Русија 23
  2. Р. Ирска 21
  3. Ерменија 17
  4. Словачка 15
  5. Македонија 8
  6. Андора 0

ЕП 2016 (ФРАНЦИЈА)

  1. Шпанија 27
  2. Словачка 22
  3. Украина 19
  4. Белорусија 11
  5. Луксембург 4
  6. Македонија 4