Многу познати лица за нас, синоќа во „САП“ арената – Македонци и вардарци на едно место!

Капитенот на Македонија Кирил Лазаров и нашиот репрезентативец Филип Талески ги мереа силите на теренот, а на трибините мечот го следеше уште еден наш играч од националниот тим, Филип Лазаров.

Екс-капитенот на Вардар, пак, имаше можност да се види и со својот поранешен соиграч Илија Абутовиќ, кој сега го носи дресот на „лавовите“ како и Талески.

И сето тоа беше причина надвор од теренот тие да си направат убава дружба.