Манчестер Јунајтед верува дека може да ја убеди Борусија Дортмунд да им го продаде Џејдон Санчо ова лето. Британските весници информираат дека Ед Вудворд веќе почнал да ги контактира сите страни инволвирани во прашањето за потписот на младиот талент кој го напушти Манчестер Сити за да се преслеи во Германија, каде оваа сезона е вистинско откритие.

И покрај јавниот став на Дортмунд дека нивната тинејџ-ѕвезда не е за продажба, понудата од над 80 милиони фунти се очекува да биде доволна за ги натера да размислуваат на отворена рунда преговори со луѓето од „Олд Трафорд“.

Санчо се етаблира како едно од највпечатливите млади имиња во Европа и не случајно во Јунајтед го посакуваат за новиот состав следната сезона. Покрај Манчестер Ј. идејата за купување на Санчо ја има и француски ПСЖ. Од Париз веќе го имаат контактирано и агентот на младиот фудбалер, но нема информации колкава сума и какви услови му понудиле на младиот англиски репрезентативец.