Мемфис го победи Хјустон 126:125 по продолженијата во еден од најинтересните натпревари синоќа во НБА, а ниту Џејмс Харден, кој постигна 57 поени не можеше да го запре вториот пораз на Рокетс во последните 14 натпревари. Валенчиунас погоди едно од двете слободни фрлања на една секунда до крајот на натпреварот, но тоа беше доволно за победа на Мемфис. Валенчиунас го одигра натпреварот на кариерата со 33 поени и 15 скока, заедно со Мике Конли, кој уфрли 35 поени.

Во вториот меч, кој беше решен на продолженија, Чикаго со 126:120 го совлада Вашингтон. Откако регуларниот дел од аредбата заврши 113:113, Чикаго имаше серија од 8:2 во продолжението која се покажа како клучна за победата. Лори Маркканен со 32 поени и 13 скока, како и Крис Дун со 26 поени и 13 асистенции беа главните играчи на Булси. Кај Вашингтон Џабари Паркер постигна 28 поени против својот поранешен тим.

Торонто е третиот тим, кој по продолженија славеше синоќа, на гостувањето кај Оклахома, 123:114.

Филаделфија во последната минута од натпреварот славеше против Бостон, 118:115. Двата тима влегоа егал, 113:113, на 60 секунди до крајот, а Џими Батлер, кој постигна 15 од неговите 22 поени во последната четвртина, ја предводеше Филаделфија кон победа.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Милвоки   107:102

Орландо – Њу Орлеанс              119:96

Филаделфија – Бостон 118:115

Њујорк – Јута   116:137

Чикаго – Вашингтон      126:120

Мемфис – Хјустон          126:125

Сан Антонио – Мајами                105:110

Оклахома – Торонто    114:123

Портланд – Далас          126:118