Ништо ново кога станува збор за ТВ преносите на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Како што беше во Лигата на Нации, така ќе биде и во квалификациите за ЕВРО 2020. Имено вечерва тие што не можат да дојдат на Арената и да ја  гледаат нашата репрезентација на мечот со Летонија, ќе можат да ги следат настаните на ТВ, но на Спортклуб а не на МТВ на пример или на некоја друга наша ТВ.