Од вечерва Македонија добива и втор фудбалер во својата историја кој има 100 настапи за нашата најдобра фудбалска репрезентација. Тоа е Горан Пандев кој ќе му се придружи на некогашниот свој капитен од селекцијата, Гоце Седлоски.

Тоа се двајцата Македонци кои се во привилегираниот клуб 100. Некогаш заедно играа за Македонија, вечерва Пандев ќе игра а Седло ќе го бодри и ќе навива за него и за Македонија. Фотографијата доловува како беше некогаш, како Пандев и Седло заедно играа за Македонија.