Магичната партија на Елиф Елмас во триумфот над Летонија (3-1) ја дигна на нозе целата фудбалска јавност. Фудбалерот на Фенебахче не само што е во центарот на вниманието во турските медиуми, кои на големо пишуваат за „дијамантот“, неговиот втор погодок ги „стопли“ и ладните Англичани.

Реноминираниот сајт „Скај Спорт“ не остана рамнодушен на партијата на тинејџерот Елмас.  

„Тинејџерската сензација од Македонија и Фенербахче, Елиф Елмас ги постигна своите два погодоци за сениорската репрезентација, а вториот беше вистински убавец“, стои во туриските медиуми.