Никогаш доста за Горан Пандев. Одигра херојски во својот 100 настап, издржа до 71.минута, беше, како и секогаш, на високо ниво, без него Македонија е една, со него сосема друга. Сепак кога искочи и седна на клупата, кон него истрча еден од физиотерапевтите и му помогна да ја соблече копачката. Гримасата на Пандев кажува многу, но веројатно нема причина за загриженост. Капитенот ќе го имаме во недела на „Стожице“ во Љубљана против Словенија.