УКРАИНА (У21) – МАКЕДОНИЈА (У21) 3:1 (1:0)

Македонската репрезентација до 21. година загуби на првиот меч од отворањето на Анталија купот од селекцијата на Украина со конечни 3:1. Нашиот состав на овој меч имаше далеку повеќе од играта создаде далеку повеќе шанси, а противникот од речиси две пиолуситуации постигна два гола.

По само пет минути игра Украинците искористија еден момент и со волејот на Вантук поведоа со 1:0. Ние со најдоброто што разполагаме во моментов во стартните единаесет се спротивставивме веднаш и преку Трапановски и Абаз возвративме со шанси. Првиот ја погоди гредата, а вториот шутираше од идеална ситуација директно во противничкиот голман.

Во второто полувреме направивме десетина измени шанса добија доста фудбалери. Во вториот дел Семеникин упати центаршут, топката од блокот на Маневски влезе директно во голот измамувајќи го Томас Божиноски, а за третиог ол кој го примивме кумуваше директно нашиот голман. За 3:0 во 80. минута погоди Топалов, а само пет минути подоцна Марио Крстовски намали на 3:1.