И натаму нема крај на малерите во ФК Работнички. Откако тимот е во лоша форма, откако од 15 можни бодови пролетва освои само пет и полека ја губи битката за Европа, доаѓа веста дека Кабрал Жунињо, еден од главните играчи на „романтичарите“ не ќе може да игра најмалку во следните две недели. Причината е повредата на стапалото заработена на последниот меч со Шкендија. Тоа значи дека одличниот Бразилец ќе го пропушти дербито со Вардар, а потоа и средбите со Македонија ЃП, Беласица и веројатно Шкупи.