Прашина се крена во руската спортска јавност откако новинарот и спортски коментатор Васили Уткин јавно го обвини селекторот Станислав Черчесов земал мито за да става некои играчи во руската фудбалска репрезентација. Уткин тврди дека Черчесов заедно со фудбалскиот агент Алан Агазаров за финансиски бенефит со сила „туркал“ фудбалери во репрезентацијата.  Целта е да им ја кренат цената и потоа да бидат продадени, а двајцата потоа да го делат профитот.

Уткин посочи два примера. Едниот е фудбалерот Александар Ташаев кој нема одиграно ниту една минута за националниот тим, а беше на поширокиот список на Черчесов за СП 2018. Вториот играч е Константин Рауш. Двајцата фудбалери по Мундијалот ги сменија клубовите (Ташаев од Динамо Москва во Спартак Москва, Рауш од Келн во Динамо Москва), а Черчесов и Агазаров поделиле три милиони евра од трансферите.

СЛИКА ГОРЕ – Константин Рауш

СЛИКА ДОЛЕ – Александар Ташаев

Ваков скандал беше откриен во англиската репрезентација. Тогаш поткрепен со видео докази и изјава на тогашниот селектор Сем Алардајс дека за одредена сума на пари би помогнал да се реализираат трансфери на фудбалери, но скандалот беше откриен, а „Биг Сем“ си поднесе оставка од селекторската функција.