Атланта стави крај на серијата победи на Јута и со 117:114 славеше во дуелот во кој Донован Мичел не успеја да погоди за изедначување и продолженија. Во финишот на мечот Девајне Дедмон беше лидерот на Хоукс во серијата 11-1, која им ја донесе и победата. Јанг со 23 поени и 11 скока беше најефикасен кај Атланта, додека Дедмон постигна 19. Во редовите на Јута Мичел имаше 34 поени, но пропушти да го реализира најважниот шут.

Јута, Сан Антонио, Л.А. Клиперс и Оклахома се четирите екипи со ист учинок во Западната Конфереција и на десет натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната и натаму неизвесен и изгледот на плеј-офот.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер со 15 поени и 11 асистенции во победата 113:108 на гостувањето кај Вашингтон. Иако во финишот на натпреварот двата тима беа на егал, 90:90, Тореј Крег со тројка ја отвори серијата од 10-0 за Денвер, која потоа значеше и триумф. За Вашингтон Брајант даде 22 поени и Томас Саторански постигна 16 поени и 10 асистенции.

Голден Стејт без проблеми славеше над Индијана (112:89) предводена од Демаркус (19 поени и 11 скока).

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Минесота  113:106

Вашингтон – Денвер 108:113

Атланта – Јута            117:114

Феникс – Детроит      98:118

Сакраменто – Далас 116:100

Голден Стејт – Индијана      112:89