Уште на стартот на квалификациите за ЕП 2020 Албанците се одлучија да го сменат тренерот Кристијан Панучи. Поразот од Турција во 1. коло од групата со 2:0 беше клучен момент раководството на ФС на Албанија да му врачи отказ на италијанскиот стручњак.

Албанците во понеделник го играат вториот квалификациски натпревар за ЕП 2020, а на клупата ќе седат Ервин Булку и Сулејман Мема.

Додека тие го подготвуваат националниот тим, од ФС веднаш стапиле во контакт со Едуардо Реја, некогашниот тренер на Хајдук, Наполи, Лацио и на уште многу други италијански клубови.  Реја никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.

Панучи во јули 2017 година беше назначен за селектор на Албанија за да го продолжи па и подобри одличниот ефект на Џани де Бјаси кој го однесе националниот тим на ЕП 2016. Но наместо тоа Албанците разочараа со игрите, одиграа лоши квалификации за СП 2018.

Неговиот ефект е четири победи, две ремија и девет порази.