Голманот на Вардар, Дејан Милосављев е прогласен за играч на натпреварот во „мечот на неделата“ меѓу ППД Загреб и Вардар во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.

Милосављев блескаше на овој натпревар, кој го заврши со 14 одбрани или 45 посто успешност и беше еден од најзаслужните за фантастичното издание на македонскиот првак во Арена Загреб.