Денеска од 14:30 часот ќе се одиграат натпреварите од 17.коло во Втората лига – Запад. И покрај репрезентативната пауза, сепак нема одмор за второлигашите. Во дербито на колото се среќаваат лидерот Струга Трим Лум и третиот Скопје. Стружани атакуваат, по двете ремија, на првата победа. Нема да сметаат на Тафо кој има пет жолти картони.

Вториот меч кој буди интерес се игра во Битола каде „новиот“ и засилен Пелистер го дочекува составот на Лабуништа кој е казнет бодовно по онаа непримисленост на мечот со Тетекс, засега со еден бод. Утре се игра средбата во Куманово меѓу Гоблен и Генч Калемлер.

ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

ГОСТИВАР – ВЛАЗЕРИМИ

ПЕЛИСТЕР – ЛАБУНИШТА

ТЕТЕКС – КОРАБИ

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СКОПЈЕ

УТРЕ

ГОБЛЕН – ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР

 

ТАБЕЛА

1.СТРУГА ТРИМ ЛУМ 30

2.ЛАБУНИШТА 28

3.СКОПЈЕ 22

4.КОРАБИ 22

5.ВЛАЗЕРИМИ 22

6.ПЕЛИСТЕР 22

7.ГОСТИВАР 20

8.ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 18

9.ГОБЛЕН 17

  1. ТЕТЕКС 15