По вчерашниот пораз со само еден гол разлика, женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им врати на Црногорките во вториот контролен меч во „Автокоманда“. Избраничките на селекторот Симовски славеа над ослабената Црна Гора со 21:17 (9:9) и со тоа потврдија дека се наоѓаат во добра форма во пресрет на јунските бараж-дуели со Словенија.

По рамноправното прво полвреме гледавме одличен втор дел за нашата селекција во кој успеавме континуирано да ја зголемуваме предноста, а во последните 5 минути од мечот да влеземе и со комотни +5. Нашите ракометарки покажаа дека полека градат генерација која може да не врати на европската мапа на најуспешни женски национални тимови.