Меѓу бројните честитки од европското и светското фудбалско семејство упатени за Мухамед Сејдини по повод изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, денеска стигнаа и од претседателот на ФИФА Џани Инфантино и од првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

„Драг претседателе, би сакал искрено да ви честитам по повод вашиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од 2019 – 2021 година. Уверени сме дека вашето знаење, лидерство и искуство претходно секако ќе има позитивно влијание за понатамошниот развој на фудбалската игра во вашата држава“, се вели во честитката на Инфантино.

„Среќен сум што ви упатувам честитка по повод изборот за претседател на Фудалската федерација на Македонија. Истовремено, би сакал да ви се заблагодарам за вашето лидерство во изминатите месеци како в.д. претседател на ФФМ, навистина некогаш не е едноставно и лесно да се биде во таква ситуација, но значењето е непроценливо“, гласи во честитката на Чеферин.