Денеска се одигра 16.коло во женската фудбалска лига, а убедливи победи забележаа ЖФК Прилеп над ЖФК Борец со 8:0 како и лидерот ЖФК СЦ Истатов над ЖФК Речиса со 7:0.

„Истатовки“ на денешниот натпревар полн со емоции и сеќавања за легендата на македонскиот фудбал Благој Истатов кој веќе 6 месеци не е меѓу живите одиграа еден убав натпревар и победата и постигнатите голови ги посветија на човекот кој е најзаслужен за тоа што е денес ЖФК СЦ Истатов. Стрелци на головите беа: Ели Јаковска (2), Симона Крстаноска (2), Александра Марковска, Радица Чонева и Драгана Колевска по еден гол.

А Јована Ѓорѓиевска имаше свое шоу за ЖФК Прилеп во дуелот со Борец постигнувајќи четири гола, а по два реализираа Христина Аџулеска и Сара Петреска.

Во другите натпревари, Тиверија – АСС Јунајтед 1:2, Топ Гол – Тетово 4:3, Љуботен – Атлетико 0:1. Натпреварите Драгон – Плачковица и Каменица Саса-Кочани се играат утре.

 

ТАБЕЛА

  1. ЖФК Истатов 45 бода; 2. Драгон 45; 3. АСС Јунајтед 35;…