Кога Вардар „гази“ тоа е историја, а Загреб вака губел пред 14 години!
Моќното издание на „црвено-црните“ особено во првото полувреме кога го оставија Загреб на само шест голови е нешто што на „плинарите“ последен пат им се случило во сезоната 2005/2006. Во натпревар одигран во октомври 2005 година во групната фаза од Лигата на шампионите кога за 30 минути Загреб постигнал само шест гола во мечот со Портланд Сан Антонио, кој го загубил со 31:15.
Одтогаш ниту еден тим не успеал толку го задржи Загреб на толку мал број на погодоци, се до Вардар вечерва, кој ги фрли „плинарите“ во очај и си го отвори широко патот кон четвртфиналето.