Хјустон по голем пресврт, во последната четвртина славеше против Сан Антонио со 111-105, Џејмс Харден одигра нов феноменален натпревар.

Постигна повеќе од половината поени за Рокетс. Мечот го заврши со 61 поен, 7 скока и три украдени топки. Во последните пет минути Хјустон имаше негатива од пет-шест поени, но Харден со 13 поени во низа го најави кам-бекот на својот тим и секако голема победа над Спарси.

Оваа ноќ беше посебна за него, не само што го изедначи својот најдобар учинок во кариерата со 61 поен, тој постана четвртиот кошаркар во историјата на НБА-лигата, кој на повеќе од еден меч постигнал над 60 поени. Оваа посебна листа ја сочинуваат легендите, Вилт Чембрлен, Коби Брајант и Мајкл Џордан.

Харден оваа сезона постигна 61 поен и на гостувањето кај Њујорк.

Тој синоќа постигна и девет тројки и влезе во друштвото на најдобри „тројкаши“ во историјата на најсилното натпреварување. По овој меч има 1979 погодени удари од линијата за три поени и се најде на деветото место. За врзо време ќе го мине Џејсон Кид, кој му „бега“ со само девет тројки.