А Шпанија имаше многу проблеми во дуелот со „ладните“ Норвежани на „Местаља“ во Валенсија. Победи со 2:1 и тоа е најважно, но не одеше се така подмачкано. Малку фалеше да ги испушти бодовите и покрај тоа што имаше се во своите раце, посед на топка, шутеви на гол, и водство од првото полувреме. Во 16. минута по одличното додавање на Алба од левата страна, Родриго ја затресе мрежата на норвешкиот голман.

Меѓутоа се изгледаше добро се до 64. минута кога судијата покажа пенал за Норвежаните. Иниго Мартинез го влечеше противникот за дрес, а арбитарот покажа на 11 метри. Џошуа Кинг го совлада Де Геа.

Сепак, стресот шпанските фудбалери бргу го совладаа. Пет минути подоцна по норвешкиот гол, Мората избори пенал по стартот на Јарстеин, а Серхио Рамос со „паненка“ удар донесе победа за „фуријата“.

Наредниот меч на Шпанците е против Малта во вторник.

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА Ј

БИХ – ЕРМЕНИЈА             2:1
Круниќ 33’, Милошевиќ 80’ – Мхитарјан 90’+3’ (п)

ИТАЛИЈА – ФИНСКА       2:0
Барела 7’, Кин 74’

ЛИХТЕНШТАЈН – ГРЦИЈА             0:2
Фортунис 45’, Донис 80’

ГРУПА Ф

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА               2:1
Родриго 16’, Рамос 71’(п) – Кинг 65’(п)