Од Љубљана, Словенија
Игор Д. Ивановски

Утревечер на трибините на „Стожице“ нашата репрезентација ќе има сосема солидна, па и голема поддршка. Имено се очекуваат околу 2.000 македонски фанови да дојдат на натпреварот меѓу Словенија и Македонија. „Македонскиот сектор“ кој брои околу 750 места за гостите е веќе распродаден, но нашите навивачи купуваат билети и од останатите сектори. До денеска билетите чинеа од 7.5 до 15 евра, а од утре тие ќе чинат од 10 до 20 евра. Да кажеме дека капацитет на стадионот во Љубљана е 16.000 места.