Салата „Јане Сандански“ не беше полна, но оние 1.300 фанови кои дојдоа да ги поддржат кошаркарите на МЗТ Скопје беа повеќе од доволни. Ги водеа своите миленици кон победата, ги бодреа со сето срце, на крајот заминаа со насмевки, македонскиот првак му одржа лекција на Спарс (84-70) и се пласираше во финалето.