Во обидот на состават тим од нови фудбалски ѕвезди, првите луѓе на шпанскиот гигант Реал Мадрид ја одбија можноста да го добијат чилеанскиот голгетер од Манчестер Ј., Алексис Санчез. Како што пренесоа неколку шпански медиуми, „Црвените ѓаволи“ планираат да се ослободат од чилеанскиот напаѓач кој заработува по 500 илјади фунти неделно, но неговото претставување ни од далеку не го прави атрактивен за новиот (стар) менаџер на Реал, Зинедин Зидан.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Реал е еден од клубовите кој направил контакт со Манчестер Јунајтед за 30-годишниот фудбалер, но “галактикоси” веднаш се откажале од идејата да го купат. Причина, сумата од 68,5 милиони фунти која Манчестер Ј. ја побарал за него. „Кралевите“ немаат намера ни оддалеку да ја платата оваа сума, која сметаат дека е нерезонска за фудбалер кој е тотално надвор од форма.

Тренерот Зинедин Зидан проценил дека нема потреба Санчез да доаѓа во Мадрид, бидејќи за таа сума која Манчестер ја бара за него, тој ќе си купи соодветно засилување од остатокот од листата која ја има на потенцијални засилувања.