Селекцијата на Велс ја стартуваше квалификациската кампања за ЕП 2020 со победа над Словачка. „Змејовите“ одмараа во првото коло, па сега истрчаа на терен и со голот на Даниел Џејмс во 5-тата минута ги совладаа Словаците со 1:0.

21-годишното крило на Свонси првпат беше стартер за велшкиот тим и во првиот шут постигна гол.  Тој погодок се покажа како решавачки во триумфот над Словаците.

 

А Словачка го запиша првиот пораз во вториот свој меч во овие квалификации. Во првото коло ја победија Унгарија со 2:0.