Од 4-4-2, па на 3-5-2, или по потреба како што наложува ситуација. Важно е што вечерва ќе гледаме внимателна Македонија, со само двајца истурени во нападот, Пандев и Нестор. Одбраната ќе биде засилена, тука се стоперите Муслиу, Велковски и Бејтулаи кој ќе помага и како десен бек, кога ние ќе се трансформираме во 4-4-2. Алиоски по лево ќе биде нашата закана, се разбира дека тука се и Елмас и Барди. Николов ќе биде главен за деструкција на домашниот напад. Стефан Ристовски ќе биде нашиот офанзивен десен бек, кој ќе помага во нападот.

Според сите најави, коментари, како оние на Треневски и Ибраими за „Спортмедиа“, треба да се сопре Иличиќ. Од него доаѓа најголемата опасност. Не смее да му се дозволи да загосподари со средината на теренот. Не смееме да гледаме офанзивна Македонија по секоја цена, нека напаѓа Словенија, Кек нека се поти на клупата. Ние ќе си ја  бараме нашата шанса преку контрите, а тука е Пандев ако треба низ средината да дојдеме до гол – шанса. Секако дека мораме по секоја цена буквално и најмалата шанса за гол да ја користиме. Нестор мора да биде опасен, а Елмас, е па од „Дијамантот“ очекуваме нов блесок. И дај боже да има некој слободен удар за нас, е тогаш Облак нека му ја мисли, Барди ќе шутира.