Вечерва против Словенија, нашата најдобра фудбалска репрезентација, во својата 25-годишна историја, ќе го одигра својот 228 натпревар. Тука се сметаат и оние пријателските. Во изминатите 227 меча сме победиле во 67 наврати, нерешено било на 57 а сме загубиле 103 пати. Гол разликата е негативна, 263:306. Но затоа на последните седум меча имаме шест победи и само еден пораз.

-Горан Пандев вечерва ќе год игра својот 101 меч, со тоа тој ќе биде рекордерот, ќе го остави на второто место Гоце Седлоски со 100 меча. Пандев има постигнато 33 голови, време за зголемување на оваа бројка.

-Селекторот Игор Ангеловски по 29 пат ќе ја води Македонија на еден официјален меч. Тој ја посакува својата 14 победа, досега неговиот процент за успешност е 46.43%, што е убедливо најдобар од сите останати селектори.

-Александар Трајковски го посакува својот 16 гол за репрезентација, ако Алекс стрела во мрежата на Облак тогаш ќе го стигне Ѓорѓи Христов на второто место на вечната листа на стрелците

-Горан Пандев по 48 пат ќе биде капитен на нашата селекција, после него на оваа е Гоце Седлоски, кој 43 пат бил предводник на нашиот тим.

-Вечерва против Словенија ќе го одиграме петтиот натпревар, прв за бодови, или квалификациски. Досега имаме три победи и само еден пораз со гол разлика 9:4.

-Александар Трајковски и Стефан Ристовски полека се приближуваат до својот 50 настап за нашата репрезентација. Алекс вечерва ќе го одигра својот 49 меч, додека Ристовски пак 46.