Македонската репрезентација до 17 години ја оствари втората победа на развојниот турнир во Скопје. По триумфот бад Саудиска Арабија во првото коло, денеска Македонија со 2:0 беше подобра од селекцијата на Грузија. Двоен стрелец за нас беше Бехар Фета кој постигна два прекрасни гола уште во првото полувреме. Првиот по еден соло пробив, а вториот директно од корнер на воодушевување на публиката.

.