Во извонреден фудбалски меч кој беше и дерби на вечерта во европскитеквалификации, селекцијата на Германија дојде до тешка победа над селекцијата на Холандија од 3:2.

„Панцирите“ тргнаа со одлично прво полувреме во кое успеаја да постигнат два гола и да најават голем триумф, но Холандија се врати со извонреден почеток во второто полувреме и брзо успеаја да го анулираат гостинското водство. Германија поведе со голот на Сане во 15. минута, а Гнабри успеа во 34. минута веќе и да го зголеми водството на 2:0.

Во вториот дел „лалињата“ успеаја брзо да возвратат. По само две минути игра Де Лихт со гол со глава намали на 1:2, додека за израмнување се погрижи Депај во 63. минута на мечот.

Сепак, и покрај бројните шанси на двете страни, до решавачки гол дојде во последната минута од средбата кога фудбалерот на Хофенхајм, Нико Шулц успеа да погоди за победа на Германија.