Сафет Сушиќ веќе неколку месеци е без работа, откако го напушти турскиот клуб Акхисар, но деновиве неговото име се почесто се споменува како главен кандидат за кормилото на албанската фудбалска репрезентација. Денеска албанските медиуми објавија дека тој е сериозен кандидат за испразнетото селекторско место по отказот кој го доби Кристијан Панучи.

„Нема ништо конкретно. Имам еден пријател во Париз кој е советник и десна рака на нивниот претседател на сојузот. Често се гледаме, но тоа е само причина да ме споменуваат во тој контекст. Засега ништо конкретно“, вели Сушиќ во изјава за медиумите.

Искусниот поранешен селектор на БиХ, со која замина и на СП во Бразил 2014 година, вели дека нема ништо против да се нафати за оваа нова работа, но најпрво треба да поминат успешни преговори.