Македонските фудбалери во ниту еден момент не почувствуваа дека играат на гостински терен, на трибините дефинитивно имаше повеќе македонски знамиња, како и голем број фанови, кои допатуваа специјално да ги бодрат „црвено-жолтите“. Дел од нив работат во Словенија, а има и такви кои ги запалија автомобилите и допатуваа до Љубљана.

На крајот никој не зажалија. Енис Барди донесе изедначување, а по неговиот погодок фановите беа во „екстаза“…