Убаво е да се види табелата во Г групата. Секако дека не е идеално, немаме шест бодови, но и со овие четири сме трети, и овие победа и реми со Летонија и Словенија, се успех, и тоа каков. По стартните две кола само Полска е со максималните шест бодови, и затоа е прва а Израел и Македонија го делат второто место со по 4 бодови, ние сме трети само поради послабата гол разлика, барем така кажува табелата.

Кога ќе се види со кого играме, секако и каде, во јуни во рамките на 3. и 4. коло, тогаш јасно е дека јуни за нас и нашите амбиции веројатно ќе биде решавачки. На 7 и 10 јуни ни доаѓаат на гости Полска и Австрија, и по тие два меча ќе се знае во голема мера какви се нашите шанси барем за тоа второ место. Супер ќе биде да освоиме четири јунски бодови, па така со оглед дека Словенија двапати гостува а Израел гостува кај Летонија и кај Полска, Македонија може да се зацврсти на тоа второ место и со големи амбиции да влезе во есенскиот дел од мечевите во Г групата.

Но за тоа потоа, сега е време за задоволство, за честитки. А од утре ќе почне да се работи на стратегијата за Полска и Австрија.

ТАБЕЛА

  1. ПОЛСКА 2 2 0 0 3:0 6
  2. ИЗРАЕЛ 2 1 1 0 5:3 4
  3. МАКЕДОНИЈА 2 1 1 0 4:2 4
  4. СЛОВЕНИЈА 2 0 2 0 2:2 2
  5. АВСТРИЈА 2 0 0 2 2:5 0
  6. ЛЕТОНИЈА 2 0 0 2 1:5 0

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО – 7 ЈУНИ

ЛЕТОНИЈА – ИЗРАЕЛ

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА

АВСТРИЈА – СЛОВЕНИЈА

 

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО – 10 ЈУНИ

ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ

ЛЕТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА