За првпат во нашата држава и во регионот МК Ендуро Тим Водно-Скопје ќе сe организира Enduro/Cross, паралелна трка која насекаде важи за една од најатрактивните трки како за возачите така и за публиката. Се работи за трка на која тројца или четворица натпреварувачи стартуваат истовремено, а победник е тој што прв ќе стигне на целта.

Трката се одвива на кружна патека со препреки (дрва, камења, гуми, базен со вода и кал…..),a стартот и целта се на иста точка. Трката е замислена на база на елиминации и само најдобрите возачи одат во финалето. Се очекувува пријава од најмалку 70 натпреварувачи, што е знак дека не очекува навистина една одлична мото-трка.

Овој настан нема да биде само натпревар, бидејќи организаторот предвидува и целодневна забава со Ди Џеј и Рок Бенд, кои ќе се погрижат за забава за сите присутни.

Трката ќе се оддржи на специјален полигон кој ќе е наменет исклучиво за ваков тип на настани. Настанот ќе се оддржи в сабота во „Хотел Белви“ со почеток од 11 часот.