Македонските каратисти подготвени гледаат кон европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија.

На денешната прес-конференција, селекторите на нашиот карате состав кој патува за Шпанија зборуваа за очекувањата. Стојан Андриевски, селекторот на ката тимот, вели дека е оптимист како никогаш досега.

„Одиме со двајца натпреварувачи во кати. Според мојата проценка, и двајцата се досега најдобро подготвени. Јас се надевам дека и двајцата ќе влезат во борба за медал“, вели Андриевски.

Селекторот на националниот тим во борби, Сашко Арсовски, за неговите пулени вели:

се во одлична форма. Верувам во сите, и очекувам добри резултати“, вели Арсовски. Капитенот на репрезентацијата во борби, Жарко Арсовски, потенцираше дека очекува борба за медали, а по враќањето во Македонија да се прослави некој нов голем успех.