Елитниот француски весник „Франс Фудбал“ на насловната страна најави сериозен атак на Реал (М) за потписот на голгетерот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Според француските новинари, веќе не е тајна дека Зинедин Зидан за враќање назад на „бернабеу“ побарал од Перез голема сума на пари за нови засилувања, а името на Мбапе го ставил на врвот на потенцијалните нови засилувања.

„Операцијата Мбапе“, како што ја нарекува „Франс Фудбал“ желбата на Зидан да го добие младиот голгетер на ПСЖ би ги чинела „галактикоси“ околу 280 милиони евра. Ова не е сума која така лесно се прифаќа, па јасно е дека Реал ќе прави притисок за намалување на бараната сума. Во ПСЖ, пак, немаат намера да отстапат од своите барања, што е најава за една нова „сапунска опера“ на фудбалскиот пазар ова лето.