Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ е пред потпишување на нов договор со Јувентус, кој ќе биде до 2021 година.

Од Јувентус се задоволни од настапите на офанзивниот фудбалер кој што е во голема форма. Токму од тука тој ќе остане во Торино и во следните две години.

Веќе се откриени детали околу неговиот договор, а според него, тој ќе зема 5 милиони евра по сезона, плус бонуси. Тоа значи дека платата ќе му биде зголемена во однос на актуелниот договор кој го има Хрватот.