Италија доби нов фудбалски љубимец. Младиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин во репрезенацијата на Италија во својот втор настап го постигна својот прв гол. Важи за еден од најголемите таленти во Европа. Кин и даде гол на Финска, со тоа продолжи новата фудбалска бајка од Торино, која започна од пред една година кога за Јуве потпиша професионален договор. Инаку неговите корени се од Брегот на Слоновата Коска.

Интересна изјава има неговата мајка за тоа што се случило кога малиот ставил параф на договорот. Моис и се јавил и и рекол дека во иднина не мора веќе да работи зошто тој сега е професионален фудбалер и дека има важечки договор со Јувентус.