Уште еден доказ дека само со многу напорна работа, со голема желба и фанатична борбеност се стигнува до ѕвезденото фудбалско небо. Мигел Велосо, соиграчот на Пандев од Џенова и репрезентативен голега на Кристијано Роналдо, открива една тајна од времето кога заедно биле во младинската школа на Спортинг Лисабон.

„Кога Кристијано живееше во кампот на Спортинг имаше само 14 години. Во 23 сатот навечер, тренерот проверуваше  дали сите спијат во своите соби. Креветот на Роналдо беше празен, го најдоа во теретаната каде што вежбаше. Сега вие е јасно зошто Роналдо е Роналдо“ истакнал за медиумите во Италија, Мигел Велосо.