Кој ќе биде домаќин на Европското првенство 2021 година ќе биде познато ова лето. ФИБА Европа и официјално потврди дека за организација на ова континентално натпреварување биле заинтересирани седум земји: Чешка, Естонија, Германија, Гурзија, Унгарија, Италија и Словенија.

Групната фаза на ЕП 2021 година ќе се игра во четири држави, а еден од нив ќе биде домаќин на завршната фаза.

Овој „рецепт“ за првпат беше користен во 2015 година кога ЕП се играше во Хрватска, Германија, Франција и Летонија, потоа две години подоцна истата улога ја имаа Финска, Израел, Романија и Турција.

Европското првенство во 2021 година е предвидено да се игра во периодот од 17. до 29. август, на него ќе учествуваат 24 репрезентации, меѓу кои можно е да се пласира и Македонија, која обезбеди место во квалификациите.