УЕФА ја претстави маскотата за ЕУРО 2020 година, во Амстердам, пред почетокот на квалификацискиот меч меѓу Холандија и Германија.

Името на маскотата е Скилси, кој името го доби од англискиот збор „skills“, што во превод значи вештини.

Официјалната промоција Скилси ја имаше пред 55 илјади гледачи, заедно со фристајл танчери кои изведоа шоу со елементи на уличен фудбал.