Добро е, за разлика од претходните квалификациски циклуси за СП и ЕП кога уште по првите две – три кола ние веќе немавме никакви шанси за добар пласман, сега е се поинаку. Сега сме и тоа како во „игра“ за нешто големо. Македонија со Летонија и посебно со Словенија покажа карактер, борбеност, храброст па ако сакате и машкост што се вели. Сега Словенците се бунат дека ние сме играле грубо.

На дело видовме една силна репрезентација која игра без респект, но сепак треба да се знае и една друга работа. Имено оваа селекција на Македонија на овие два меча, а посебно на „Стожице“ беше драстично ослабена. Поради повреди не играа Аријан Адеми, потоа Стефан Спировски, Иван Тричковски, Ферхан Хасани се повреди на мечот со Летонија, Марјан Радески, веројатно ако беше во минатогодишната форма ќе беше повикан и Бесарт Ибраими, секако има уште. Тоа е веќе уште поголем квалитет, во јуни против Полска и Австрија силната Македонија со овие горе наведени имиња секако дека ќе биде уште посилна. И селекторот Ангеловски ќе си има има проблем. Кого да извади од оние борци од „Стожице“ за да ги стави во стартниот состав на пример Адеми, Буба, Спировски, Тричко. Како сега ќе го остави на клупата еден Елиф Елмас, кога „дијамантот“ блескаше со Летонците а на Словенците им задаваше најголеми проблеми. Сега Мрме ќе си има главоболки, сега ќе треба доста анализи од негова страна за тоа како да дојде од толкав квалитет до идеалните само единаесет.

И тоа е добро, конечно и ние имаме репрезентација од 20 квалитетни фудбалери на кои можеш да се потпреш во секое време.