Арбер Зенели со супер погодок донесе 1:1 за Косово на дуелот со Бугарија во квалификациите за ЕП 2020 година. Нашиот противник во плеј-офот за Лигата на нациите имаше негатива по првото полувреме, Божиков ги доведе гостите во предност, меѓутоа во 61 минута Зенели со одличен соло продор и удар од далечина ги крена на нозе присутните на стадионот во Приштина.

Косово го освои првиот бод на дебито во квалификациите за ЕП. Бугарите по две кола имаат два бода во групата. Гостите четврти меч по ред играат со резултат 1:1.