Според пишувањето на медиумите во Турција, деновиве и официјално, по онаа на Лестер, во Фенер пристигнала втората понуда за Елиф Елмас, за блескавиот македонски репрезентативец и тоа од Кардиф.

Но таа била одбиена. Интересно е тоа што не се известува за која сума станува збор, само тоа дека гигантот од Босфорот експресно реагирал и кажал едно големо НЕ за понудата на Кардиф, инаку член на Премиер лигата.