Гледачите на квалификацискиот натпревар помеѓу Грузија и Швајцарија беа сведоци на херојство и на спасен живот. Стоперот на Швајцарија Фабијан Шер го голтна јазикот, играчот на Грузија Јано Ананидзе му го спаси животот со брзата реакција.

Шер многу лошо се судри со Табидзе, и веднаш падна во бесознание. Ананидзе реагираше веднаш и ја внесе раката во устата на Шер.

„Ништо не паметам. Се изгубив во тие секунди во кои се случи ова. Главата уште ме боли, имам болки и во вратот и синило на челото“, изјави по мечот Шер.