Македонија освои бод против Словенија. Иако домашните беа благи фаворити, сепак, на крајот Македонија со машка, борбена и пожртвувана игра стигна до нерешено и до еден бод. Можеби играта во првиот дел не беше онака како што треба, со оглед дека имаше и тактички измени. Избраниците на Игор Ангеловски израмнија на стартот од вториот дел, потоа имаа и една шанса, а во финишот на првиот дел две добри прилики уште тогаш да израмни.

На моменти имаше и „искри“, грубо играа Словенците, но картоните ги доби Македонија. Сепак, добро се носевме со Словенците, овој бод е добар, и имаме добар старт на квалификациите со четири бода.

Како изгледаше натпреварот низ „објективот“ на „Спортмедиа“.