Иако ја имаа победата во рака, репрезентативците на БиХ на крајот мораа да се борат за бод на денешниот квалификациски меч од групата „Ј“ за пласман на ЕП 2020. Избраниците на Роберт Просинечки имаа водство по првиот дел од два разлика, на крајот се спасуваа пред своја публика.

Босанците имаа извонреден старт на мечот и во многу кратко време успеаја да дојдат до голема предност. Со голот на Висча во 10. минута домашните дојдоа во водство од 1:0. Само пет минути подоцна следуваше нова ерупција од радост на трибините на стадионот во Зеница, кога Миралем Пјаниќ погоди во гостинската мрежа и ги доведе домашните во предност од 2:0.

Во второто полувреме момците на Просинечки ја загубија концентрацијата. Најпрво дозволија да направат пенал кој Фортунис во 64. минута го претвори во гол за 2:1, за само неколку моменти подоцна Пјаниќ да добие црвен картон и да го остави составот на „цедило“. Грците притиснаа со сите сили и успеаја да искористат една од неколкуте убави шанси за да го израмнат резултатот. Резервистот Коловос со прекрасен погодок со глава во 85. минута на гостите им обезбеди бод од ова тешко гостување.